
Ви препорачуваме
Изборот на „Мажи на годината“ со нов концепт – оваа година во живо на МРТ1
Во година полна со предизвици, борбата за нормално функционирање на работите е најважна. Затоа и оваа година ќе ги славиме успесите на најуспешните мажи во нашата држава, успеси кои ќе бидат мотив за секој од нас
Овогодинешниот избор на Мажи на годината за 2020 година во организација на Џентлмен Магазин, оваа година ќе биде посебен. Посебен пред се поради големиот интерес во јавноста, но и поради приликите кои ги диктира ситуацијата со пандемијата.
Имуни не бевме и ние, и затоа, како и насекаде во светот оваа година одлучивме изборот на Мажи на годината да биде во еден друг концепт. Концепт кој ќе придонесе целокупната јавност да го проследи. Официјално сакаме да ви најавиме дека Мажи на годината за 2020 година ќе оди на МРТ1 во формат на светско шоу каде ќе ги наградиме традиционално најуспешните мажи во Македонија. Настанот ќе се одржи на 25.11.2020 (Среда) со почеток во 20:00 часот на МРТ1.



