ЈОГУРТ ДИЕТА: За три дена, два килограми помалку
Светот полуде по новата хит диета – јогурт диетата. Нутриционистите велат дека постојат две верзии од оваа диета, голема и мала јогурт диета. Првата, голема трае седум дена, а ние денес ви ја претставуваме малата, која трае само три дена.
Јогурт диетата се нарекува уште и диета за вработени, бидејќи е многу лесно да се држи и секогаш дава ефект. Се доручкува и вечера дома, а ручекот и ужината ги носите со вас на работа.
Ако не сте задоволни со резултатот, односно сакате уште да ослабете, јогурт диетата можете да ја повторите по само пет дена.




