Ви препорачуваме
Киванч и Туба внесуваат многу емоции во хит серијата „Украдено минато“
„Украдено минато“ е нова турска серија која се емитува на каналот Дизи и која сигурно ќе ги освои вашите срца.
Во фокусот на приказната се двајцата главни протагонисти – Цесур и Сухан, кои одлично се претставени од страна на извонредните актери Киванч Татлитуг и Туба Бујукустун.
Храбриот Цесур Алемдароглу (Киванч Татлитуг) се враќа во мало гратче во околината на Истанбул, Корлудаѓ, со единствена цел: да му се одмазди на Тахсин Корлудаг поради нивното вековно семејно непријателство. Но, тој не го зема предвид неочекуваното.






