Зимска бајка во Ист Гејт Мол: Уникатна забава, уживање и шопинг за сите генерации
Не секој е фан на ниските зимски температури во првиот месец од годината. Но затоа јануарската зимска бајка во Ист Гејт Мол, исполнета со уникатна забава, уживање и шопинг, се покажа како и повеќе од омилена за сите генерации.
Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската театарска куклена претстава „Лакомата меца“. Професионалните актери од Театарот за деца и младинци, со својата изведба, како и со читањето на некои од омилените бајки за деца и подароците од Книжарница ТРИ и Литература, внесоа магична атмосфера во шопинг центарот и ја разиграа детската фантазија.
Опуштената саботна атмосфера за посетителите во Ист Гејт Мол, покрај времето поминато за јануарски шопинг низ пространите коридори со попусти од -50% до -70% намалување, беше збогатена и со „Звуците на Полифонија“, акустичен концерт, којшто со моќта на музичките инструменти и танците, наликуваше на оригинално и раздвижено уметничко дело, во коешто уживаа присутните.






