Ви препорачуваме
Дали ви е потребно прочистување на дигестивниот систем?
После цел месец празници и уживање во разновидна, пред се мрсна и високо-калориска храна, организмот реагира преку дигестивниот систем.
Преоптоварениот дигестивен тракт поради нездравата исхрана може да создаде сериозни здравствени проблеми како и постојано чувство на замор и надуеност. Затоа потребно е да се препознаат симптомите и да се смени исхраната со онаа што има позитивно влијание врз целиот организам.
Благите супи од различен зеленчук, пиење до 4 литри вода дневно, а уште е подобар ефектот ако ја комбинирате со лимон, се првите работи што се препорачуваат. Посебно избегнувајте кисела храна и газирани пијалаци. А со стресот справете се со одмор и доволно сон, коишто се предуслов за нормално функционирање на сите процеси во организмот, а со тоа и на дигестивниот тракт. Обидете се целосно да ги исфрлите квасецот и шеќерот од вашата исхрана, бидејќи создаваат непријатна надуеност која може да потрае.




