Конечно можеме да се пофалиме со домашен спортски бренд по светски стандарди
HONEY BADGER е прв македонски спортски бренд кој е создаден да ги инспирира најхрабрите и најупорните. Станува збор за бренд кој е со 100% македонско производство и кој ги поместува предрасудите за македонските производи посебно во текстилната индустрија. Приказната за Honey Badger започнува во 2018 година, од страна на двајца млади и инспиративни луѓе, Антонио и Чеде Петрушевски. Создаден од 100% домашен капитал, водени од нивната љубов кон спортот и здравиот начин на живот, Honey Badger покрај бренд, има за цел да започне движење кое ќе ги обедини сите кои преферираат здрав, динамичен и спортски начин на живот и сакаат да носат спортска облека со врвен квалитет.
“Honey Badger e модерен бренд кој се труди да ги следи светските трендови со сопствен модел на онлајн трговија. Започнавме скромно, но нашите цели се големи. Визијата на тимот од HONEY BADGER е брендот да се изгради во успешна интернационална компанија која со своите иновации во производството на спортска опрема ќе предничи пред конкурентите во светот каде што спортскиот стил и здравиот начин на живот се повеќе е во тренд. Развиваме продукти со врвен квалитет кои ги следат нашите принципи: уникатнос, посветеност и страст“ – изјавија основачите на брендот.
Името HONEY BADGER доаѓа од истоименото животно кое е синоним за бестрашност, пожртвуваност и храброст, кои всушност се посакуваните карактеристики на спортистите и луѓето кои што се занимаваат со спорт.





