Ви препорачуваме
Лансиран новиот Schweppes Pink mixer style (ФОТО)
Новиот пијалак од линијата миксери на Schweppes – Schweppes Pink Mixer Style и официјално е лансиран на пазарот. Нуди една нова димензија во светот на миксологијата. Овој миксер се одликува со карактеристична бледо розова боја, суптилен вкус на шумско овошје и кинин и секако, препознатливите освежителни меурчиња на Schweppes.
Миксологијата покажува дека внесувањето поинакви вкусови и експериментирањето носат нов квалитет и возбуда и при миксањето и при консумацијата. Оние што викендов го пробаа Schweppes Pink Mixer Style потврдија дека тој претставува одлична подлога за различни коктели кои имаат за цел да го покажат нашиот карактер во вистинско издание.
Токму тоа го објаснува и нашиот најдобар бармен Филип Арнаудов, кој повеќе од 17 години креира коктели за Schweppes: „Schweppes Pink Mixer Style во микс не е доминантен и добро се поддржува со кој било алкохолен пијалак. Кај него, суптилно се чувствува освежителен вкус на шумско овошје и кинин кој го нагласува секој алкохолен пијалак давајќи му карактеристичен Schweppes шмек. За разлика од останатите миксери од сличен вид, Schweppes Pink Mixer Style содржи двојно помалку калории, така што може вистински да уживате во него и претставува идеален за миксер и со алкохолен и со безалкохолен пијалак”





