Ви препорачуваме
Шампионот Бузалковски со нов дизајн ќе ја брани титулата на БМУ Европски шампионат
Повеќекратниот европски шампион, Христијан Бузалковски, подготвувајќи се за претстојната сезона, реши на поинаков начин да ги претстави моторите кои ќе ги вози на БМУ Европскиот шампионат.
Оваа сабота (26.03.2022), Бузалковски, со почеток од 11 часот, во Скопје Сити Мол на приземје, пред љубителите на мотоциклизмот ќе го претстави новиот дизајн од класата Ф600, со кој годинава ќе се натпреварува на БМУ Европскиот шампионат.
Нашиот млад и успешен мотоциклист и покрај тешките предизвици во кариерата, не престанува да ја докажува својата супериорност во брзински мотоциклизам, па така и оваа година заедно со својот тим ,, 71 Team’’, се спремаат да ја одбранат титулата.




