Ви препорачуваме
Македонија ја прославува Светската недела на вселената
На 4ти октомври започнува годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија, со темата “Месечината: Порта кон ѕвездите”. Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.
– „Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите”, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, Марина Таневска и Дора Локвенец
Во оваа иницијатива изминатата 2018 година, се вброија над 5.000 настани во 93 земји, меѓу кои и Македонија, а оваа година се очекува бројот на настани да е уште поголем.




