Мастерклас на големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ на фестивалот „Литера“
Организаторите со големо задоволство го најавуваат гостувањето на големиот хрватски илустратор Свјетлан Јунаковиќ на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера 2021“.
Легендата на некогашната југословенска илустраторска школа ќе го сподели своето искуство преку мастерклас на 7 јуни (18 часот) на зум-платформата. Јунаковиќ е одушевен што ќе може да се запознае со македонските илустратори, студенти, вљубеници во илустрацијата и со нив да сподели дел од своето богато портфолио.
Работилницата ќе трае два часа и е наменета за сите студенти, млади илустратори, уметници и сите вљубеници во оваа дејност, кои сакаат да дознаат повеќе за илустрацијата како уметност, но и да научат од богатото искуство на Јунаковиќ.




