Специјално СКОПСКО за македонската фудбалска репрезентација (ФОТО)
За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, СКОПСКО на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“.
Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, СКОПСКО ја продолжи успешната фудбалска приказна со специјално дизајнирани лименки за репрезентативците кои го содржат нивниот потпис и број на дрес.






