
Ви препорачуваме
Промовиран прирачникот за автентична храна – „Слоу Фуд гостилници“ (ФОТО)
На 23 септември во кафе книжарницата „Литература“ беше промовиран првиот водич на Слоу фуд Македонија, прирачник за добра и автентична храна во интересни гурмански објекти кај нас насловен како „Слоу Фуд гостилници“.
Водичот го претставува гурманското богатство на 17 интересни гостилници во нашата земја, што ја промовираат регионалнaта кујна, локалните вкусови и нашиот гастрономски идентитет.
Предложените места, ресторани, гостилници, деликатесни продавници за вино.., ја потврдуваат тезата дека кај нас во Македонија поради сонцето, гостопримството, амбиентот и пред се, вкусната храна, навистина добро се јаде.




