Силвија искрено за внукот Ненад: „Фамилијата Марковски“ во „Еден на Еден“
Најпопуларното македонско семејство, „Фамилијата Марковски“ се врати во „Еден на Еден“. Во недела, од 18.30, на Канал 5 ќе ги гледаме Силвија Стојановска (Лиле), Александар Микиќ (Иван) и Петар Петковски (Бојан).
Оваа недела, и еден добро познат глас ни се враќа во „Еден на Еден“, а тоа е гласот на Спасе.
Актерите од „Фамилијата Марковски“, освен интересни муабети од зад камерите на серијата, се покажаа и како талентирани пејачи со еден убав евергрин, „Лиду Ду“ од Маја Оџаклиевска. Гуру Харе бендот во оваа песна доби уште еден член, Петар Петкоски, кој свиреше гитара со нив.




