Ви препорачуваме
Придонес кон почиста животна средина: Дрогериите dm ги укинуваат пласичните кеси за една употреба
Со цел да креира долгорочно и одржливо решение за заштита на животната средина и намалување на штетното влијание на пластичните кеси врз околината, компанијата dm одлучи целосно да ги повлече од продажба пластичните кеси за една употреба.
Оваа одлука ќе стапи на сила од 21 октомври 2019 година во сите dm дрогерии во Македонија, при што компанијата ќе продолжи да им нуди еколошки алтернативни решенија на купувачите за транспорт на купените производи како што се: хартиени кеси, повеќекратни ПВЦ торби и трајни dm памучни торби.
Со повлекувањето на пластичните кеси од употреба, dm стана првата компанија во земјава која презеде ваков конкретен чекор за заштита на животната средина во која делува. Како што истакнуваат од компанијата, оваа одлука е дел од општиот стратешки правец на dm како компанија која настојува во сите сегменти на своето работење да делува општествено одговорно. Оттука со ваквиот чекор, компанијата сака да ги мотивира своите потрошувачи при пазарувањето да користат сопствени повеќекратни торби, наместо еднократни пластични кеси, со цел промоција на одржлив начин на живот.




