Ви препорачуваме
Со дигитална климатска конференција ќе се одбележи Часот на планетата Земја
Експерти од различни области ќе дискутираат под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“ на првата дигитална климатска конференција која ќе се одржи оваа сабота (27 март), со почеток во 19:30 часот, а со која виртуелно ќе се одбележи годинашната акција Часот на планетата Земја.
На конференцијата премиерно ќе бидат претставени климатските акции на македонците преку презентацијата „Кон зелена иднина со амбициозни климатски акции“ на Павлина Здравева, координатор за климатски промени во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија. Дополнително, преку три дебати во кои ќе учествуваат претставници од локалната власт од град Скопје и општина Охрид, претставници од Собранието на РСМ, бизнис секторот и невладините организации, ќе бидат дискутирани теми поврзани со забрзаното уништување на природата и начините како да го промениме нашето живеење за да ја осигураме иднината на планетата Земја.
Освен официјалниот дел, во текот на конференцијата ќе биде презентирано и моќно вирално видео преку кое Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) ќе се обидат да испратат порака на надеж, како што успеавме да се прилагодиме да живееме и дејствуваме против пандемијата, на сличен начин да се обидеме да дејствуваме против уништувањето на природата.




