„Set Мe Free“ е повикот за слобода на Ris Flower (ВИДЕО)
Иако велат дека музичката индустрија е најпогодена од тековната корона криза, тоа не е случај со македонскиот интернационалец Борис Цветановски, кој минатата година го промовираше својот музички проект под псевдонимот „Ris Flower“ преку кој го пробива патот до светската музичка сцена.
Тој денеска го промовира новиот сингл „Set Me Free“, кој како што самиот вели, е повик за ослободување.
– „Времето во кое живееме ме натера да ја согледам заробеноста на луѓето во своето секојдневие, во тешките меѓусебни врски и испревртените принципи и вредности. Инспирацијата ја пронајдов во бескомпромисниот копнеж за слобода и љубов кај секого.“ – објаснува Цветановски.




