Запознајте ја Анастасија Аневска – Лидија од ТВ серијата „Зоки Поки“
Почнувајќи од 4 мај, ТВ серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма на МРТ, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.
Додека го чекаме почетокот на емитувањето, се запознаваме со слатката и талентирана Анастасија Аневска, која ја толкува улогата на Лидија.
Анастасија е шесто одделение во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и обожава да гледа филмови и театарски претстави. Надвор од училиште, Анастасија ја истражува глумата во драмското студио „Детски Свет“, синхронизира цртани филмови и серии и настапува во две претстави во Драмски театар.




