Ви препорачуваме
Не мора да се видиме за да испиеме кафе заедно
На нас останува да најдеме начин да бидеме блиски и безбедни, без притоа да се откажеме од омилените активности, како што е пиење на омиленото свежо мелено кафе.
Огромна е нашата желба секојдневно да бидеме во контакт со други луѓе, да се дружиме, да поминуваме квалитетно време заедно и да ги споделуваме важните моменти од нашиот живот. Тоа има смисла, со оглед на фактот дека луѓето се пред се’ социјални суштества. Меѓутоа, понекогаш во животот се случуваат работи кои не’ оневозможуваат да поминуваме време со луѓето кои ги сакаме. Сепак, дури ни во тие ситуации нашиот социјален живот не би смеел да „трпи“. Посебно не смееме да ги заборавиме оние мали, толку драги ритуали, кои ни го прават секојдневието поубаво.
Една од тие слатки навики е пиењето на кафе, кое без разлика дали трае пет минути или со часови, секогаш наоѓа начин да не’ опушти, да не’ зближи и да ни даде енергија.





