
Видео
Полицаец го прекина настапот на Ед Ширан во Индија – пејачот реагираше со шега (ВИДЕО)
Ед Ширан се најде во неочекувана ситуација откако полицијата го прекина неговиот настап на отворено во Бенгалуру, Индија, на 9 февруари.
Познатиот пејач, кој моментално е на светска турнеја, се огласи на Инстаграм со хумористичен коментар:
„Мислам дека полицаецот повеќе го сака Бруно Марс“, се пошегува Ширан, алудирајќи на ненадејниот прекин на концертот.



