Магазин
Виена останува без еден од своите најпрепознатливи симболи – штандовите со колбаси
Главниот град на Австрија е познат по историските градби, но и по штандовите на кои можат да се купат различните видови колбаси.
Овие штандови сега исчезнуваат, и од вкупно 790, колку што беа во 2010 година, сега останаа само уште 274.
Причината за исчезнувањето на штандовите со колбаси е бумот на доставата на храна, но и фактот дека државата наметнува големи бирократски пречки за работата на овие локали.




