Настани
Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ – една од најпрестижните светски сцени
На 28 октомври, Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на „Музикферајн“ – една од најпрестижните светски концертни сцени. Овој настап ја заокружува 80-годишнината на оркестарот и одбележува 30 години дипломатски односи меѓу Австрија и Македонија.
Под диригентската палка на Јерухам Шаровски (Израел), како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски. Програмата обединува македонска традиционална музика и европска класика, со дела од Бете Илин, Глигор Смокварски, Сони Петровски и Антонин Дворжак.
🎶 „Ова не е само концерт, туку историски момент за македонската култура. Настапот во „Музикферајн“ ја носи нашата музика на светската сцена и отвора нови перспективи.“ – Александар Котевски, в.д. директор на Македонската филхармонија




