Магазин
Внуката на принцезата Дајана на Модната недела во Милано
Внуката на покојната леди Дајана Спенсер – Кити Спенсер, ги собра погледите на модната недела во Милано. Таа стана дел од шоуто „Сикретс енд Дајмондс“ на „Долче енд Габана“. На неа беа претставени луксузни вечерни фустани на познатиот бренд.
Прекрасната Кити се појави на подиумот со син фустан, а нејзината визија беше надополнета со екстравагантна тиара. Додатокот се разликува од оние кои сопругата на принцот Чарлс ги носеше уште додека беше жива, но дефинитивно одговара и на нејзината 27-годишна внука.
Спенсер учествуваше и во друга ревија на брендот – „Сикрет дајмондс шоу“, повторно за време на Модната недела во Милано. На неа продефилира со елегантен сребрен фустан и импресивен ѓердан со скапоцени камења. Очигледно љубовта кон луксузот се наследува.




