Занимливости
ФУТУРОЛОГ: Луѓето родени по 1970 година, ќе може да станат бесмртни
Британскиот футуролог Иан Пирсон тврди дека луѓето родени по 1970 година, ќе можат до 2050 да станат бесмртни, објави „Дејли Мејл“.
Инженерот и иноватор од Ипсвич смета дека генетското инженерство и вештачката интелегенција ќе му помогнат на човекот да ги надмине ограничувањата на своето тело.
Според него, забавувањето на процесите на стареење, лабораториското создавање ткива, органи, па и т.н. „андроидни тела“, како и новите виртуелни светови и дигитализацијата на умот, би можело да ни овозможи вечен живот.




