Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Франција бројот на пушачите во 2017. опаднал за еден милион

Занимливости

Во Франција бројот на пушачите во 2017. опаднал за еден милион

Во Франција во 2017 годиина имало еден милион помалку пушачи во однос на 2016 година и тоа се должи пред се на повисокиот данок на тутун, соопшти денеска Министерството за здравство.

Извештајот се повикува на истражување кое што опфатило граѓани на возраст меѓу 18 и 75 години.

3а 2017 година, 31,9 отсто од испитаниците тврдат дека пушат повремено, а 26,9 отсто дека пушат цигари секојдневно. Овие бројки се за 3,2 и 3,5 отсто пониски отколку во 2016 година, се наведува во соопштението. Тоа значи пад на бројот на пушачите за еден милион за една година.

Во документот се нагласува и дека тутунот убива околу 200 лица дневно или 73.000 лица годишно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.