Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Грција се забранува користење наливно масло во рестораните

Магазин

Во Грција се забранува користење наливно масло во рестораните

Од 1 јануари следната година во грчките ресторани ќе биде забрането да се служи наливно масло, а прекршителите ќе добијат административна казна од 500 евра.

Европската комисија пред четири години се обиде да ја забрани употребата на наливно масло во јавните угостителски објекти, бидејќи измамите се огромни. Одлуката беше поддржана од 15 од 27-те земји членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Грција, но поради големо противење, забраната не беше усвоена.

Сега оваа забрана на грчкото Министерство за финансии му ја предложиле дилери на пазарот за да се обезбеди квалитет на понудениот производ и да се заштитат потрошувачите.

Регулативата предвидува во рестораните да се употребува масло во запечатени шишиња за еднократна употреба. На етикетите мора јасно да е напишано каков е квалитетот на производот внатре. Откако ќе се потроши маслото, шишињата треба да се фрлат, а не повторно да се користат.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Магазин

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.