Магазин
Во Тузла направен најголемиот бурек во светот
На Плоштадот на слободата во Тузла вчера беше измесен најголемиот бурек на светот, со кој жители на овој босански град ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Бурекот беше приготвен во тепсија со пречник од шест метри и тежеше околу 650 килограми, што е доволно за дури 5.000 порции.
Подготвувањето на бурекот траеше шест часа и за него локални пекари исукаа кори во должина од 1,5 километри.




