Занимливости
ЗА ПОСТ-ПРАЗНИЧНА ДИЕТА: Розовата боја го намалува апетитот
Розовата боја не е само заштитен знак на „Викторија Сикрет“, туку таа влијае и на намалување на апетитот, тврдат манекенки од овој познат бренд, кои наводно ја намалиле желбата за јадење благодарение на оваа боја.
Попрецизно, станува збор за нијансата Бејкер-Милер на розовата боја, која, како што тврдат, влијае на промена на прехрамбените навики.
Според оние кои имале искуство со оваа боја, таа ја намалува желбата за конзумирање нездрави грицки кога ви е здодевно.




