Магазин
ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ ПРЕКУ ОКЕАНОТ: Од Лондон до Њујорк за само три часа? (ВИДЕО)
Ричард Бренсон, основач и директор на компанијата „Вирџин“, претстави прототип на новото суперсонично летало, со кое патниците би можеле од Лондон до Њујорк да стигнат за само три часа и 15 минути.
Авионот ХБ-1 кој во меѓувреме стекна прекар „Бејби бум“, ќе биде најбрзото цивилно летало кое некогаш е произведено.
Леталото ќе се движи со брзина од 2.2 маха, што е десет отсто побрзо од Конкордот, кој леташе со брзина од два маха, пишува „Индепендент“.



