ОПРА ОДБИ ДА БИДЕ КРАЛСКА КУМА: „Со Хари и Меган сме само добри пријатели, ќе најдат друга кума“
Познатата водителка Опра Винфри направи светски скандал – одби да биде кума на ќерката на принц Хари и Меган Маркл. Со тоа, американската водителка го привлече вниманието на јавноста, па реши да сподели зашто не ја прифатила оваа навистина ретка понуда.
– „Јас сум само добра пријателка и сосетка, верувам дека ќе најдат некој помлад за таа улога.“ – објаснила Опра.
Во текот на интервјуто, Опра открила дека многу ѝ се допаѓа избраното име за девојчето и дека ќе им испрати специјален подарок на гордите родители за „Денот на таткото“.




