Бимилк ги расони ранобудните граѓани со „Флерт Кафица“ за убав почеток на работниот ден
Деновиве бевме сведоци дека на повеќе автобуски станици и локации низ целата територија на Скопје, Бимилк ги изненади граѓаните со вистинско утринско будење.
Под мотото „Таа те буди“, во раните утрински часови насекаде низ градот, граѓаните имаа можност да го вкусат новото кафе „Флерт Кафица“ и да се расонат пред почетокот на новиот работен ден.
„Одличен момент за кафе во 7 часот наутро“, „Кафето навистина ме расони“, „Супер утринско изненадување од Бимилк“, „Вистинска доза енергија“ ⎼ се само дел од коментарите на граѓаните што дегустираа еден од трите вкуса на „Флерт Кафица“: капучино, макијато или еспресо.





