Занимливости
БИСПАГ: Октомври е месец за заштита од пожари, едукацијата важна за граѓаните
Сведоци бевме на сериозни пожари кои уништија шуми и домови, а беа загрозени и човечки животи изминатиот период во нашата држава. Октомври е светски месец за заштита од пожари, по тој повод се организираат бројни активности кои пред се треба да не научат како да ги спречиме пожарите, но и доколку дојде до оваа немилосрдна појава како правилно и брзо да интервенираме за да избегнеме поголема штета.
„Противпожарен апарат потребно е да поседува секој дом, секој автомобил и секој еден правен субјект, бидејќи претставува превентивно средство за лична безбедност. Важно е да се поседува како средство за почетно гасење на пожарот, како би се спречило понатамошно ширење, но исто така во случаи каде имаме пожар со правилна употреба на ПП апаратот и за трасирање на пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата која е зафатена со пожар“ вели Марија Кукуноска, менаџер во БИСПАГ Противпожарна Техника.
Употребата на ПП апаратот е многу едноставна, но секако потребно е да претходи обука за правилно користење со придржување кон упатството на производителот на ПП апаратот кое се наоѓа на секој апарат со шематски приказ за начинот на употреба како и векот на траење.




