Занимливости
После Бранко, Мијалков е најдобар за во кафана: Амди Бајрам во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)
Зошто ниту една власт кај нас не може да опстане без него, и на кој начин тој успева да е близок со секоја власт, се само дел од приказните кои пратеникот Амди Бајрам ги сподели во шоуто „Еден на Еден“.
Жаре му подготви и интересна игра, „Тркало на среќата“ во која господинот Бајрам со еден збор требаше да ги опише своите колеги, политичарите. За нив зборуваше и од друг аспект, кој е најдобар за дружење во кафеана. „После Бранко, Сашо Мијалков“, изјави тој.
Амди Бајрам раскажа и за тоа како премиерот Зоран Заев му простил откако го критикуваше, но има и приказни за поранешниот премиер, Никола Груевски. За него, Амди БАјрам вели дека единствено на ромскиот бал се шетал без обезбедување.



