
Занимливости
ДАРЕЖЛИВ МУШТЕРИЈА: Келнерка во Америка добила бакшиш од 16.000 долари! (ФОТО)
Сите би посакале ваков дарежлив муштерија! Имено, во ресторан за брза храна во Њу Хемпшир, еден од гостите на ресторанот бил толку добар и оставил бакшиш од неверојатни 16.000 долари за купени само два хот-дога со помфрит.
Како што јавуваат американските медиуми, гостинот имал нарачано само два хот дога, а дополнително испил и кока-кола, пиво и текила, а вкупната сметка за овој скромен ручен била 37 долари.
Но, келнерката се шокирала кога видела дека гостинот решил да даде бакшиш од 16.000 долари, мислејќи дека е грешка.



