Дрогериите dm донираа новогодишни пакетчиња за деца од Тетово, Битола и Скопје
Дрогериите dm и годинава традиционално организираа новогодишен караван под мотото „ЗАЕДНО едни за други“ во чии рамки им подарија пакетчиња на деца од три институции во Тетово, Битола и Скопје.
Во акцијата беа вклучени учениците и штитениците од: Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух глас и говор и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола; Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Тетово и Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром – дневен центар „Доза среќа“ во Скопје.
Ова е трета година по ред како компанијата работи на голема хуманитарна мисија, а покрај пакетчињата, најмалечките уживаа и во специјално подготвена новогодишна претстава и катчиња за цртање и дружење со вработените во dm.




