Занимливости
Новогодишна магија со култните автомобили „Буба“ (ГАЛЕРИЈА)
Членовите на Буба Клуб Македонија и нивните пријатели-љубители на „Мини Морис“ со помош на Град Скопје викендов дефилираа низ Скопје накитени со новогодишни сијалички и огромен гумен Дедо Мраз. Колоната од „Буби“ наиде на радост, насмевки и поздрави од минувачите, а возачите низ градските улици ги поздравуваа весело свирејќи со свирките од автомобилите.
Најмногу им се израдуваа најмладите, кои застануваа на улица и весело скокаа и ги поздравуваа.






