ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Дечкото ѝ дал договор за невознемирување додека трае Европското првенство во фудбал
Британката Џорџија Холмс на својот Тикток профил го покажа договорот што и го дал Џоел, нејзиното момче, по повод Европското првенство во фудбал.
Тој, во договорот ставил правила кои Џорџија мора да ги почитува, додека трае првенството.
– „Го пишувам овој мејл како документ со условите и одредбите за Европското првенство, што ќе се одржи од петок, 11 јуни 2021 година, до недела, 11 јули. Сега ќе ги набројам условите и одредбите…“ – се вели во договорот кој стана хит на социјалните мрежи.




