Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Историски момент: Каменот на судбината пристигна во Вестминстерската опатија за крунисувањето на Чарлс Трети

Занимливости

Историски момент: Каменот на судбината пристигна во Вестминстерската опатија за крунисувањето на Чарлс Трети

Скунскиот камен, кој ќе биде употребен на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети, пристигна во Лондон од Шкотска во сабота.

Овој камен, познат и како “Камен на судбината”, е симбол на шкотската монархија и на него повеќе од 700 години се крунисуваат кралевите и кралиците. Иако легендата гласи дека каменот потекнува од Светата земја, професор по историја и археологија на Единбуршкиот универзитет, Дејвид Бриз, смета дека тој всушност потекнува од времето на Пиктите, племе кое првично ја населувало Шкотска.

Во текот на четвртокот вечерта, каменот бил испратен од дворецот во Единбург до Лондон. Шкотскиот премиер Хамза Јусаф, кој планира да ја поведе Шкотска кон независност од британската монархија и Обединетото Кралство, го опиша пристигнувањето на каменот како “историски момент” и изјави дека е “среќен” што учествува во него.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.