Занимливости
Лувр во ново руво: „Мона Лиза“ добива посебна соба, влезниците за посетителите надвор од ЕУ поскапуваат
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека музејот Лувр ќе биде редизајниран, обновен и зголемен, со цел да стане „епицентарот на историјата на уметноста за Франција и целиот свет“.
Планот наречен „Нова ренесанса“ предвидува преселба на „Мона Лиза“ во посебна соба и креирање нов влез до 2031 година.
„Тоа ќе го врамнотежи начинот на посета на музејот и повторно ќе им го врати на парижаните. Новиот Лувр ќе може да прими 12 милиони посетители годишно, наспроти сегашните речиси девет милиони“, изјави Макрон.




