Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Младата пилотка и физичарка од Колорадо крунисана како Мис Америка

Занимливости

Младата пилотка и физичарка од Колорадо крунисана како Мис Америка

На церемонија во Орландо, Флорида, 22-годишната Марш стана новата Мис Америка. Оваа млада дама е од Колорадо и е дипломиран физичар на универзитетот „Хардвард Кенеди“ во Кембриџ. Надвор од академските обврски, нејзината посветеност на борбата против ракот го прави нејзиниот животен пат особено значаен, особено откако ја изгубила својата мајка во 2018 година поради оваа болест.

Но, нејзината впечатлива биографија не завршува тука. Како практикант во НАСА и добитничка на стипендија за астронаути, Марш покажува дека нејзините амбиции не познаваат граници.

Од совладувањето на физичките предизвици со црниот појас во теквондо, до освојувањето на сцената како Мис Америка, нејзината приказна служи како инспирација за младите девојки ширум светот. Во порака на „Инстаграм“, таа ги пофали исто толку талентираните и интелигентни девојки со кои се натпреварувала, изразувајќи увереност дека тие ќе ја водат Америка во иднината, независно дали во политика, бизнис или филантропија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.