МК Сцена
За една вечер земав 12.000 марки бакшиш: Наум Петрески во Еден на Еден
Весела „Еден на Еден“ ќе гледаме во недела, на Канал 5 од 18.30 со Наум Петрески. Фолк пејачот на Жаре му откри кој бил неговиот најголем бакшиш во кариерата.
„Тоа беше многу одамна, во Вевчани. Вечерта земавме околу 12.000 марки и околу 3.500 швајцарски франци“, раскажа Наум.
Дел од ова шоу ќе бидат и неговите анегдоти како ловџија и риболовец, многу приказни од патувањата низ светот, а Жаре, за да ја провери неговата прецизност, го предизвика заедно да изиграат пикадо, со помош на публиката.




