Занимливости
Речиси милион долари за куќата на „вештерката“ од Салем
Некогаш запуштената куќа, која пред повеќе од 300 години и припаѓала на обвинетата „вештерка“ од Салем, сега, по нејзино големо реновирање, е ставена на продажба и за неа се бараат 975.000 долари.
Куќата, која се наоѓа во Фрејмингтон, во американската држава Масачусетс, денеска е отворена за разгледување.
„Вештерката“ Сара Клејз е уапсена во 1692 година за време на познатиот процес на вештерки во Салем, кога настрадаа 20 лица, меѓу кои и нејзините две сестри. Во 1693 таа е ослободена од обвинението.




