Занимливости
Вил Ферел и Хари Стајлс го скршија бирото на Џејмс Корден на неговата последна емисија од „The Late Late Show“
Џејмс Корден го заврши своето „The Late Late Show“ со вистинско шоу. Неговите гости, актерот Вил Ферел и пејачот Хари Стајлс, ја разбудија публиката со нивното удирање со огромен чекан и кршење на масата на која Корден седеше во своето култно шоу.
Додека Ферел и Стајлс воодушевено го уништуваа бирото, Корден се криел позади масата и го покриваше своето лице со рацете.




