Магазин
Заврши прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета: „Почестена сум и длабоко трогната што толку многу луѓе излегоа на улиците“
Четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора заврши вчера.
Десетици илјади луѓе присуствуваа на свеченостите и парадите одржани во центарот на Лондон, а на крајот на сите им се обрати и самата кралица.
-Кога станува збор за тоа како да се одбележат 70 години на владеење на вашата кралица, не постои водич што треба да се следи. Ова е навистина првпат. Но, јас сум почестена и длабоко трогната што толку многу луѓе излегоа на улиците за да го прослават мојот платинест јубилеј – истакна кралицата Елизабета Втора во соопштение објавено од Бакингемската палата.




