Занимливости
Зоолошката градина во Скопје доби нови морски лавови и мал фламинго
Ново живеалиште за морските лавови и мал фламинго беа промовирани денеска во Зоолошката градина во Скопје. Со изградбата на новото живеалиште за морските лавови и мал фламинго се обезбедуваат соодветни услови за животните кои во голема мерка одговараат и се приближни на условите за живот во нивната природна средина.
На промоцијата на живеалиштата присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, портпаролот на Зоолошката градина, Дане Кузмановски, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, директорот на ЈП „Улици и патишта” Синиша Ивановски, како и голем број на членови на Советот на Град Скопје.
– Со изградбата на овие живеалишта и денешното претставување на морските лавови, Зоолошката градина во Скопје добива уште една нова атрактивна содржина за своите посетители. Би сакал да им честитам и на луѓето од Зоолошката градина кои изминативе неколку години, преку макотрпна работа успеаја зоолошката градина да ја претворат во една од најпосетуваните места во Скопје. Град Скопје изминативе неколку години инвестираше големи финансиски средства за изградба на живеалишта во Зоолошката градини и ние оваа поддршка ќе продолжиме да ја даваме и во иднина, изјави Трајановски.


![12047120_891561240934921_4840076599970864885_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/09/12047120_891561240934921_4840076599970864885_n1.jpg)


