Видео
ВИДЕО: Невообичаена метеролошка појава на небото над Костарика
Жителите на Костарика беа сведоци на невообчаен метеролошки феномен, кој кај многумина предизвика страв.
– Бевме во лунапарк со нашиот 11-годишен син Ариел кога видовме необичен облак на небото. Бевме воодушебени, иако не знаевме за што се работи, бидејќи досега не сме виделе ништо слично, изјави Џозеф Петит за американската телевизија Еј-Би-Си.
Локалната жителка Џеси Монтеалегре изјави дека облакот претставувал „глетка што го одзема здивот“. – Тоа беше како Божји знак, вели Монтеалегре.




