Магазин
Зошто патниците ракоплескаат при слетување на авионот?
Стјуардесата Кара Мулдер го објави своето мислење за овој феномен на нејзиниот блог, The Flight Attendant Life.
Таа истакна дека ракоплескањето на патниците претежно е поврзано со дестинацијата на која се оди.
– Ако патувате во Њујорк, за голем број луѓе (барем Американци), тоа е работен пат. Ако одите во Лас Вегас, одите да се забавувате – на таа дестинација патниците ќе ракоплескаат во 80 отсто од случаите, вели Мулдер.




