Мобилни
Албанија и Косово стануваат дел од регионалната иницијатива за поевтин роаминг
Албанија и Косово се приклучуваат кон регионалната иницијатива на четирите држави од Западен Баалкан за намалување на цените на роамингот. Поконкретни информации околу намалување на цените на роамингот се очекуваат на самитот во мај во Софија.
– Среќни сме што кон нашата регионална иницијатива, која почна меѓу четири држави, сега сакаат да се приклучат и Албанија и Косово, и што оваа иницијатива е прифатена и поддржана од страна на ЕК. Конкретни информации очекуваме на Самитот во Софија во мај, истакна македоскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на прес-конференцијата по отворањето на Првиот дигитален самит за Западен Балкан што денeска и утре се одржува во Скопје.
Појасен патоказ околу намалување на цените на роамингот на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, како што најави еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, се очекува на самитот во Софијa.




