Музика
Одржана втората полуфинална вечер на Евровизија, познати и последните 10 финалисти
Синоќа во Ливерпул се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Шеснаесет музички изведувачи ги претставија своите земји, а публиката гласаше за изборот на песните кои ќе бидат во финалето.
На големата евровизиска сцена во M&S Bank арената се претставија натпреварувачи од Ерменија, Кипар, Романија, Данска, Белгија, Исланд, Грција, Естонија, Албанија, Австралија, Австрија, Литванија, Сан Марино, Словенија, Грузија и Полска. Од 16 земји, односно претставници, 10 продолжија во финалето.
Земјите кои се пласираа во финалето се Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.




