Creative
Од панелот „Дигитални разговори“: Дигитализацијата е патување, а не дестинација
На крајот од првиот ден, во завршницата на дел од „Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан“, на кој учествуваат членови на Владите на земјите од Западниот Балкан, претставници на Европската комисија, Советот за регионална соработка, претставници на ИТ индустријата и бизнис секторот, како и претставници на академската заедница и младите, беа организирани и дополнителни настани како панелот „Дигитални разговори“, како отворена сесија за различни теми од областа на дигитализацијата за сите заинтересирани учесници.
Учесниците на овој панел разговараа за потребата од следење на најновите трендови и тактики во дигитализацијата, бидејќи сè повеќе социјални интеракции, однесувања, одлуки, мислења и трансакции се дигитализирани и посредувани од онлајн платформи.
Една третина од вештините потребни денеска, веќе нема да бидат корисни за неколку години и дека дигиталното учење, ќе стане дигитално живеење во иднината, истакна Ана Алибегова, Директор за развој на програмите на Младиинформ Интернешнл, и нагласи дека дигиталните алатки константно се користат да ги трансформираат животите на младите.




