Мобилни
Амазон го претстави таблетот „Фајр“ со цена од 68 евра
Американскиот гигант „Амазон“ го претстави својот нов евтин таблет „Фајр“, што ќе чини 68 евра.
Фајр таблетот има 7 инчен екран, 1,3 гигахерци квад-кор процесор и 1 ГБ РАМ меморија, што овозможува нормално користење на интернет, работа и играње игри.
Таблетот има ИПС екран и користи Фајр ОС5 оперативен систем. Неговата внатрешна меморија може да се прошири на 128 ГБ со помош на СД картичка.




